МКД.Мк: Никнуваат 87 дивоградби под хотелот „Радика“ во Маврово

Неконтролираната градба на територијата на Општина Маврово Ростуше не престанува. Во моментов во тек е изградбата на дури 87 викенд куќи, јавува порталот МКД.МК.



Месните заедници, жителите, сопствениците на викендици се обидуваат да апелираат до надлежните во општината и во Министерството за транспорт и врски, меѓутоа без успех.

Порталот потсетува дека на 24 јули градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски одржал средба со граѓаните и со претставници на неколку месни заедници на која му било укажано на ова најново дивеење на сопствениците на хотелот „Радика“.

Присутни на средбата за МКД.мк сведочат дека и градоначалникот и одговорните службеници за урбанизам рекле дека за овие градежни активности нема дозвола за градба. ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК