Државата, идентитетот, јазикот, нема да ги загубиме ни поради тиранската платформа, ни поради преспанскиот договор, ни поради бугарското вето, туку само поради економското систематско уништување на Македонија од страна на нашите тајкуни и нивните служители, политичките лидери објави МКД.МК.
Додека од една страна на граѓаните им продаваат приказни за тирански платформи, преспански договор, бугарски договор, загрозен идентитет, загрозен јазик, црвени линии – од друга страна државата ја носат во тотален финансиски колапс, односно банкрот.
За трагедијата да биде уште поголема, парите од новите задолжувања се трошат на тотално непродуктивни, нерационални, а во голем број случаи незаконски работи. Тоа значи дека парите од новите задолжувања се фрлаат во неповрат и во џебовите на одбраната елита од моќници и нивните политички служители. Ваквото неразумно и без стратегија трошење пари дефинитивно ја носи Македонија во провалија од која нема враќање.
Секој почетник економист, а и секој домаќин, знае дека во услови на криза се преземаат мерки на штедење и екстремно внимателно трошење на секој денар. Во услови на криза само малоумни поединци последниот денар го трошат на забава и луксуз. Тие пак што се задолжуваат за да можат да се луксузираат, вообичаено се измамници и снобови. Наместо да се намали буџетот со кратење на сите непродуктивни трошења (плати, нови вработувања, возила, мебел, софри и патувања) и да се инвестира во основните двигатели на економскиот и социјалниот живот, тие водат апсолутно спротивна политика“ пишува Ангел Наков.







