МКД.Мк: Дали Кривичниот суд го штити Рашковски?

Основниот кривичен суд Скопје неодамна соопшти дека нема никаква забрана за комуникација за Драги Рашковски додека е во домашен притвор, па затоа барањето на обвинителството да биде вратен во притвор е неосновано, пишува порталот МКД.Мк.



Но, на интернет страницата на Апелацискиот суд Скопје е објавено дека на 4 јуни, кога била сменета мерката притвор во домашен притвор, судот одредил строга забрана за комуникација со други осомничени од случајот, објавува порталот факсимил од решението според кое „Се забранува на осомничениот Драги Рашковски да комуницира со лицата опфатени со кривично правниот настан, како и да употребува средства за комуникација“.

Обвинителството побарало рашковски пак да оди во притвор, Судот одбил