Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар
Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација. И Тупанчевски и Фетаи цело време изјавуваа дека трошоците за престојот во Палермо ги платиле од приватна сметка. Гратис биле и влезниците во ложата на стадионот.
Ова го објави денеска уредникот на порталот МКД.мк Александар Дамовски.
Сите детали на овој линк






