Професорот од Машинскиот факултет Ристо Цицонков направи анализа од аспект на предложените блок – тарифи за одредување на висината на сметките за домаќинствата, објави МКД.Мк.



Просечно домаќинство, опремено со потребните електрични апаразти, од пегла, преку компјутер, телевизор, машина за перење, до бојлер, со нормално користење на апаратите, според него лесно ќе потроши киловати струја од повисоките тарифи, а веројатно и ќе мора да плаќа по највисоката тарифа ако користи и клима со инвертер, на што пак беше мотивирано од властите.

Регулаторната комисија за енергетика излезе со предлог за воведување на блок-тарифи за потрошувачите на електрична енергија со цел оние потрошувачи што трошат повеќе електрична енергија да плаќаат повеќе.

Блок 1: потрошувачка до 210 kWh, блок 2: од 210 до 420 kWh, блок 3: од 420 до 630 kWh и блок 4: над 630 kWh.

Целта е потрошувачот ќе биде мотивиран да ја намали потрошувачката, односно да штеди енергија, а од тоа има неколку бенефити: помали сметки на корисниците, помало производство и увоз не електрична енергија, помало загадување (од термоелектраните), помалку емисии на стакленички гасови итн.

Но, според професорот Цицонков, ако се направи приближна пресметка на потрошувачката на електрична енергија на едно домаќинство со просечна опрема и апарати, секое домакинство би трошело над 500 в месечно.

Бојлер за топла вода: 3 kWh, по 2 часа на ден: 6 kWh/ден, за 30 дена, => 180 kWh/месец;

Ел. шпорет: рерна плус 2 рингли вклучени по 1 час/ден: 3+2 kWh = 5 kWh, 30 дена => 150 kWh/месец. Да намалиме на 140 kWh/месец;

Машина за перење: 5 kWh/ден х 10 дена во тек на еден месец => 50 kWh/месец;

Фрижидер: мотор од 100 W => 0,1 kWh, по 10 часа/ден = 1,0 kWh/ден, => 30 kWh/месец;

Правосмукалка: 1000 W => 1,0 kWh, по 0,33 часа/ден, за 15 дена => 5 kWh/месец;

Компјутер (200 W): 20 kWh/месец;

Телевизор (120 W): 10 часа/ден: 0,12 х 10 = 1,2 kWh/ден, 30 дена, => 36 kWh/месец;

Ел. светилки: 100 W х 5 часа/ден = 0,5 kWh/ден, 30 дена, => 15 kWh/месец;

Пегла, фен, миксер, ел. бокал, рутер, полнач, ..: => 50 kWh;

Збирна потрошувачка: 180 + 140 + 50 + 30 + 5 + 20 + 36 + 15 + 50 = 525 kWh.