Во својата стратегија да ја зајакне својата позиција на балканскиот пазар грчкиот електроенергетски оператор ИПТО (IPTO) планира да стекне удел во македонскиот оператор МЕПСО, пишува грчкиот специјализиран портал Енерџи прес.



Ако дојде до договор за купување на удел во МЕПСО, тогаш тоа ќе значи „активно вклучување на грчката влада, а соседната земја (Македонија–н.з.) би можела да послужи како порта за влез на ИПТО (Independent Power Transmission Operator S.A.) во поширокиот регион на Западен Балкан за да преземе проекти за надградба на мрежата и интерконекција, кои дефинитивно се потребни“, пренесува МКД.Мк.

Јаревски: Дали власта планира продажба на МЕПСО, по истиот принцип, бонбона бизнис, како ЕЛЕМ, во 2006-та?

ИПТО (грчката држава е мнозински сопственик на оваа компанија) веќе испрати понуда за купување на удел во МЕПСО, или преку стратешки договор или со зголемување на акционерскиот капитал, информираат македонски извори за порталот. Менаџментот на ИПТО веќе подолго време се во разговори со претставници на македонската влада, на МЕПСО и на регулаторниот орган на земјата.

Македонските инженери-енергетичари ја повикаа Владата да ја преиспита и да ја повлече одлуката за доделување на концесија за користење на водата на Црна Река за производство на електрична енергија на грчкиот ППЦ-Архиродон. Таквата одлука ја сметаат за злосторство од која „последиците ќе ги трпат сите македонските граѓани и поколенијата“.

„Кадарни сме сè што е капитално да го даваме на странци да го работат, од него да ќаруваат и од тоа ние да зависиме. Таква ќе биде приказната и со хидроцентралата Чебрен, која заминува во грчки раце на повеќедецениска концесија“, беше нагласено на панел-дискусијата во Стопанската комора на Македонија.