Членовите на иницијативата „За заедничка Македонија“ која ги организираше протестоте во 2017 година, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, денеска изјавија дека во 2017 година не биле политички изманипулирани, а протестите кои тогаш ги предводеа, ги нарекоа најмирни и најдостоинствени во историјата, „но за жал бевме злоупотребени“.
„Предупредуваме дека борбата за вистината нема да престане. Слободата е единствена правда за неправедно осудените.
Затоа се придружуваме кон барањата за реотворање на процесот, за оние кои се неправедно осудени, да ја добијат својата слобода, па во фер постапка да се утврди кој за што има вина, а кој е жртва на политичко-судскиот терор во Македонија.
Исто колку што е важно секој да си ја добие заслужената казна, многу поважно е целиот македонски народ да ја добие вистината која ја заслужува, откриена таква каква што е“, пренсува МКД.МК.







