„Вечерва останавме на средба во Берн, во Икре џамијата, каде нашите иселеници не пречекаа со раширени раце и со своето масовно присуство покажаа извонреден интерес“ објавија во заедничкото соопштение на лидерите на трите партии од Европскиот сојуз за пшромена – Алтернатива, Движење Беса и Демократрско движење.
Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити се наоѓаат надвор од Македонија, а како што самите објавија преку социјалните мрежи, синоќа имале средба со иселеници.
„Покренавме многу прашања кои треба да се решат, ја искажавме нашата заедничка загриженост заради нивното напуштање на огништата и одблиску се запознавме со предлозите и потенцијалот на дијаспората да има подиректна улога во случувањата во нашата земја“, се вели во објавата, пренесува МКД.МК.







