Мизрахи: Законот за здруженија е антифашистички, а не антибугарски

Измените на Законот за здруженија и фондации се антифашистички, а не антибугарски, порача пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, додавајќи дека законот мора да се имплементира во државата наспроти противењето од Софија. Но, и покрај повиците од одредени бугарски интелектуалци дека Бугарија треба да се соочи со своето фашистичко минато продолжуваат бугарските политички обиди за ретуширање на овој дел од историјата. И европратеникот Андреј Ковачев и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, по повод светскиот ден на жртвите од холокаустот, истакнаа дека Бугарија ги спасувала Евреите.



Според пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи, изненадува што законот за здруженија и фондации предизвика голема спротивставеност и се одолговлекува неговата примена.

-Јас сум прво шокирана што еден закон за здруженија и фондации кои е исклучително мал закон со мали измени, тие измени нели се сведуваат на измени кои имаат антифашистички тон, осудуваат имиња, презимиња или синоними на фашисти, соработници на фашизмот, навистина ме чуди што толкава контроверзност околу едно вака ситно законско решение којшто се прелеа и во Законот за политички партии како решени и така натаму. Многу повеќе ме шокираше една декларација која беше изгласана во бугарското Собрание, еден ден пред распуштање на Собранието без ни еден глас против, без речиси никаква дискусија. Таа декларација се вика декларација во врска со ескалацијата на агресивните бугарски манифестации во Република Македонија. Во тие антибугарски манифестации е вброено под точка 6, Законот за здруженија и фондација, значи антофашистичкиот закон се сведува на антибугарски според нив, навистина шок. Зошто? Затоа што ова законско решение ниту спомнува Бугари, ниту Срби, Македонци, ниту Грци, ниту никого, изјави денеска Мизрахи за „Утрински печат“ по повод одбележување на денот на депортацијата на македонските Евреи.

Таа смета дека власта не треба да молчи на постојаните бугарски напади врз македонскиот идентитет.

– Земајќи го предвид политичкиот амбиент апропро билатералниот договор во кој што имаме вакви брутални, дрски, невоспитани, агресивни, напади од политичарите од нашиот источен сосед, од македонската страна, од власта добивате молк во континуитет и еден вид на субмисивно однесување, сето ова ќе помине, само да преќутиме, целта е да влеземе во ЕУ и да ги добиеме европските фондови. Оттаму може ме загрижуваше и изјавата чуму и идентитетот, ако немаш пари и на крајот се сведува се на пари, посочи Мизрахи.

Укажа дека бугарската декларација не треба да го попречи имплементирањето на Законот кој е донесен во Собранието и неспорно мора да се имплементира.

– Доколку домот на граѓаните издал закон, извршната власт мора да го имплементира, ако не го имплементира, власта не припаѓа на домот на граѓаните и тогаш државата не е на народот и ќе мора да се соочиме со фактот дека државата во ваквите случаи на неимплентација на закони не е народот, тогаш е државата на извршната власт, заклучува Мизрахи.

Од друга страна, пак, официјална Софија се обидува да го ретушира фашистичкото минато наместо да се соочи со него како што бараат одредени бугарски интелектуалци.