Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, со пригодна порака за Денот на победата над фашизмот.



„Изминаа 77 години од големата победа над фашизмот за која илјадници македонски синови и ќерки ги дадоа своите животи, а таа победа над фашизмот стави крај на ропството, деспотизмот и тиранијата и ја заокружи вековната борба на македонскиот народ за своја држава, слободна, независна, наша МАКЕДОНИЈА.. со своја химна, знаме и грб! СЛОБОДНА ДРЖАВА!

Држава на сите нејзини граѓани, свои на своето, сплотени, заедно, во една силна македонска тупаница, зошто ништо не е посвето од знамето, ништо не е погласно од химната, никој не е поголем од нацијата, ништо не е поважно од слободата!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА НАРОДОТ!“, напиша на Фејсбук првата Еврејка во македонската Влада, сменета од парламентарното мноозинство на чело со СДСМ само по еден и пол месец на функцијата министерка за труд и социјална политика поради користење на државното име Република Македонија.

Од 85 члена на семејството Мизрахи, само еден ја избегнал депортацијата и смртта во нацистичкиот концентрациски логор Треблинка во 1943 година благодарејќи на приклучувањето на партизанските единици во Втората светска војна.