Мизрахи: Вие сакате да глумите граѓани на светот, а ние да стоиме горди Македонци

Рашела Мизрахи, техничка министерка за труд и социјална политика сменета поради употребата на името Република Македонија, им се обраќа на власта иу на нејзините поддржувачи.



„Вие сакате да глумите граѓани на светот, а ние да стоиме горди Македонци.
Вие сакате да ја разнебитите земјата што ве одранила од колевка, а ние ја благословуваме.
За вас гробовите на нашите предци се минато кое треба да исчезне, а нам ни се свети и бесмртни.

Вие велите дека сте модерни и авангардни, а всушност ви недостасува патриотско воспитание.
Ние сме ,,обични” и ги почитуваме традиционалните вредности.

Вие правите сѐ за децата да заминат од овде, ние сѐ за да им дадеме живот дома.
Вие носите камшик за тишина, а нас крвта ни зоврива штом чуеме зурли и тапани.
Вие носите омраза и осуди за сопствениот народ, а ние непокор кон таквите како вас.
Ние знаеме колку сме силни.
Вие сонувате за земја под туѓо небо, а ова е земја на сонцето.

Засрамете се!

Македонија вечна!!!“, објави првата Еврејка во Влада на Македонија.