Рашела Мизрахи, новиот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска за нејзиниот избор.
Кузевска вчера изјави дека „со изборот на Рашела Мизрахи, за член на Извршниот комитет, се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската унија“.
На тоа Мизрахи одговори:
„Мизрахи ја загрози македонската европерспектива е во превод Евреите се опасност за Европа како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер.
Очекувам во следната ваква изјава на СДСM да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и наочари.
Знам дека нематe срам, но Македонија се срами од Вас!“





