„Пратеник значи испратен од народот, со доверба од народот, еден од народот, не поинаку изјави претеничката Рашела Мизрахи во синоќешната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.



како што вели: „ако може професорите да одат на работа, докторите, наставниците, стоматолозите, техничките служби, административните работници, па дури и враќање на децата во предшколска возраст во градинките и во училиштата, зошто јас како пратеник би била изолирана од сето ова и би била дома.

Јас не сакам да бидам позаштитена, сакам да бидам еднаква со мојот народ“, вели Мизрахи.

На прашање за најаваана онлајн седници на Собранието, Мизрахи иази мислење дека тоа е камуфлажа за собраниските проблеми кои ги има помеѓу партнерите СДСм, ДУИ и БЕСА. .

„Се гледа дека има спорна ситуација помеѓу тројното партерство СДС, ДУИ и Беса и поради истото се очекува да имаме вакво онлајн собрание кое што би можело да ги камуфлира собраниските проблеми кои би биле во однос на тенкото мнозинство кое што го има власта во овој момент“, рече пратеничката Мизрахи.