Претседателкатга на Анкетната комисија за случајот Онкологија, Рашела Мизрахи, вели дека дека до неа стигнуваат информации за низа неправилности од пациенти или роднини на починати пациенти на Клиниката за Онкологија.



Според неа скандалот „Онкологија“ покажува колку во суштина не функционира ништо во државата.

„Кога ќе ги прашам зошто не одите во органите надлежни за истрага и таму да ги кажете сознанијата и информациите велат дека немаат доверба. Тука е и стравот, а тој доаѓа од ситуацијата во која сме, која говори дека нема систем. Ова е траорна приказна во Македонија, исто како и случајот со модуларната болница во Тетово и на крајот ќе има одговорни со име и презиме и мора да има разврска за случајот Онкологија“, вели Мизрахи за ТВ Алфа.

„Ова е тенденциозен хаос. Скандалот покажува дека што подолго јавното обвинителство ја одолговлекува истрагата толку повеќе ги валка белите мантили во државата. Затоа мора да има разврска и посочување на одговорните, кажување на нивните имиња и презимиња“, изјави Мизрахи.

Таа информираше дека биле повикани вкупно 62 сведоци, а се појавиле 52 сведоци пред Анкетната.

Според неа непојавувањето на десетмината сведоци отвори сомнеж дека нешто се затскрива.

Вели дека Анкетната комисија добила обемен материјал за скандалот „Онкологија“ .

„Целта на Анкетната комисија е да бара политичка одговорност. Мое лично мислење е дека јавното обвинителство може да постапи по извештајот од Државниот ревизор, од друга страна од самото гледање на хронологијата на настани недоследностите се јасни. Оттука е нејасно зошто на јавното обвинтелство му треба толку време за постапување“, вели Мизрахи во гостување на ТВ Алфа.