Рашела Мизрахи, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и шефица на парламентарната Анкетна комисија за случајот „Онкологија“ вели дека за случајот кој ја згрози макееонската јавност има нови сознанија:
Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато.
жтората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни колични лекови за суми кои се изразени во милиони евра.
Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба поматаму не е позната. почитувана јавност, ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе. Ова значи дека дивото месо е длабоко вкореното во здравствениот систем, вели Мизрахи.
Таа порачува дека јавноста заслужува одговори „за мафијашки(от) систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се’, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале…
За „слкучајот“, досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавија иако беа уредно поканети и имаа обврска да се појават…







