Пратеничката Рашела Мизрахи реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој вели дека „нема против Евреите и Бугарите да влезат во преамбулата на нашиот Устав“.
„Евреите се во Уставот затоа што се Илинденци и борци од НОБ – пишува пратеничката.
А, со Мане Мачков, Пејо Драганов Пеев, Командантот на логорот во монопол Пенов, фашистот Ванчо Михајлов, Скопскиот кмет Жерновски, Министерот за внатрешни Габровски, Белев и Цар Борис 3, ни на исти гробишта не влегуваат, а не пак во Уставот.
Наместо да се расфрлаш со Македонскиот Устав, те повикувам да го донесеш Радев да се извини и поклони на пепелта на 7.144 Македонски Евреи“, му порача на премиерот Мизрахи на Фејсбук








