Пратеничката Рашела Мизрахи реагира за најавата од премиерот Димитар Ковачевски дека заедно со Бугарите во Уставот ќе бидат внесени и Евреите.



„Евреите СЕ во Уставот на Република Македонија! Ние сме илинденци, ние сме дел од НОВ, ние сме партизани и ние сме признаена верска заедница во Уставот. Луѓе, колку пати ќе нè ставате во Уставот на Република Македонија? Ние сме дел од Македонија“, му порача Мизрахи на лидерот на СДСМ.

Првата Еврејка во македонската Влада на 15 февруари 2020 година, само еден месец и 12 дена по именувањето, беше сменета од функцијата техничка министерка за труд и социјална политика од парламентарното мнозинство предводено токму од партијата на Ковачевски поради употребата на државното име Република Македонија.