Мизеријата на ДУИ, човек жал да го фати за чесните кадри на Ахмети

Многу реакции во јавноста откако прво министерот за надворешни работи Бујар Османи а потоа и други луѓе од ДУИ изјавија дека живееле само од плата.



Огромен број на граѓани не веруваат дека раководството на ДУИ живее од плата откако во јавноста излегоа стотици случаи на корупција во кои се инволвирани луѓе од Мала Речица.

Најдобрата анализа за оваа ситуација со доза на иронија ја дава аналитичарот и новинар Ивор Мицковски кој ,,го фаќа жал”, за кадрите на ДУИ.

,,Бујар живеел само од плата.
Груби морал да позајмува коли.
Па дајте бе Али, Груби имајте милост, па еден Фатмир Арифи, директор на Државниот инспекторат за градежништво на ДУИ натепал 5 стана и 5 коли, дила автомобили, за Бујар курац нема екстра работичка, да му капе нешто.
Па внукон на Али купува Соравиа, синот произведува струја, Груби тек сеа ќе го лапне коцкањето, овој го остаивте само на плата.
И Мерко живее на плата, па мора да купуе кола од 60 илјади € со народни пари.
Абе мизерија у пи*** матер, човек жал да го фати за ДУИ и овие доблесни и чесни луѓе”, пишува Мицковски за последната ,,финта” на ДУИ.