Мизерен напад врз академик Коцарев од апологет на СДСМ што тврди дека македонскиот народ настанал во 1945

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски реагира на нападите на апологетите на власта кои координирано го критикуваат претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев кој најави дека интелектуалците ќе ја предводат борбата против власта.



,,Најцитираниот македонски научник од светски размери и претседател на МАНУ акад. Коцарев – „не го разбирал Орвел“. Во суштина режимов не само што е антимакедонски туку и длабоко антиинтелектуален. Една од целите му е да ја задуши, замолчи и клевети македонската интелигенција”, пишува Кирјаковски откако еден од главните апологети на СДСМ Ненад Јовановиќ го нападна Коцарев.

Во еден од своите јавни коментари Јовановиќ кој призна дека на негово барање од СДСМ му ја вработиле сопругата, тврди дека македонскиот народ датира од 1945.

Ненад Јовановиќ: Македонскиот народ постои од 1945

Што напиша Коцарев и предизвика канонада од напади од луѓе блиски на СДСМ

Коцарев: „ Време е за промени, МАНУ и интелектуалците ќе предводат! – Бугарскиот и Преспанскиот договор мора да се поништат!“