Митровски откри нов скандал во случајот ,,Маричиќ – Мијалков”

Адвокатот Јанаки Митровски меѓу другите прашања што ги анализира за случајот ослободување од притвор на екс шефот на УБК Сашо Мијалков, открива повеќе скандалозни детали кои укажуваат какво е влијанието на владата врз правосудството.



Митровски не може да разбере како можел министерот за правда да знае кој судија како гласал за конкретен случај кога гласањето било тајно.

,,Дали е исправна одлуката Сашо Мијалков да биде пуштен од притвор? Секако дека не, цела Македонија знае дека се обиде да избега и два дена беше недостапен. Од тие причини не смее да мрдне од притвор до правосилност.
Дали смее министер за правда да прозива судии со име и презиме за одлука донесена по слободно судиско убедување? Секако дека не, тоа е директен упад во работењето на судот.
Најскандалозниот момент е тоа што министерот ги знaе резултатите од гласањето и кој како гласал, иако е тоа тајно.

Нека дојде некој пак да ме убедува дека не им се на линија судовите и дека власта не се мешала. Смешки!

И на крај ќе се состанел судскиот совет да дискутира како тоа некој судија смеел да одлучува тој како што смета а не власта како што смета. Судскиот совет патем воден од човек на СДСМ кој во животот не видел решение за притвор.

Ако ова не е влевање страв во судската фела не знам што е. Или ке судите ние како што сакаме, или ќе бидете разрешени, пораката е повеќе од јасна!”, заклучува Митровски.