Стразбур одлучи дека има повреда на правото на слобода за Митко Пешов и Спиро Ристовски од предметот 27 Април. За мене ништо изненадувачко, стара болка за сите кривичари, Реагира во објава на Фејсбук адвокатот Јанаки Митровски.
„Кај нас притвор се дели од ракав, со 98,5% усвојување на предлозите на обвинителството, кој процент е СРАМЕН.
Се разбира сем кога се работи за членови на ДУИ, тогаш судот ептен ревноносно се труди да не даде притвор.
Како на пример за петтиот уапсен на М-НАВ, кој го уапсија на бегање на граница и пак не изеде Шутка.
Горд сум на мојата колешка и другарка Pavlina Zefic која ја поднесе апликацијата, експерт од областа која топло ја препорачувам на сите за апликации во Стразбур!
П.С. Како и претходно, така и сега, оние судии кои ја сториле повредата нека ги платат трошоците, околу 4.500 евра.
Државата на тоа има право, но и ОБВРСКА, да бара регрес. А не бара затоа што судиите намерсто за НАС работат за НИВ и затоа си ги гаат. Се додека тоа не се случи, кучињата ќе лаат, караванот ќе си врви“, констатира Митровски во објавата на Фејсбук