Адвокатот Јанаки Митровски поставува прашање зошто КАТО системот кој требало да следи како се даваат цитостатици, купен во 2016- та бил во употреба само шест месеци и исклучен без никакво образложение.
„Зашто некој би сакал да исклучи од употреба ваков систем, сем ако нема јасни коруптивни намери?!
Ваков тип на криминал е неможен да се случува и да се провлекува со години само со вина на една медицинска сестра. А јасна е интенцијата натака да се тера работата, нешто налик кабелот од модуларната’, пишува Митровски во колумна за „Фокус“.
„Кривична одговорност сносат сторителите, несомнено тука треба да влезе и менаџментот на болницата, првиот човек на инспекторатот кој не постапувал по пријави, а најмалку политичка одговорност треба да сносат сите министри од 2017-та навака, а некој богами и треба да заврши во апс.
Најмалку две години два сериозни медиуми, неделникот Фокус и Слободен печат пишуваат за овој скандал и со прст не е мрднато да се сузбие криминалната група“ вели адвокатот.
Митровски вели дека „имајки ги предвид горките искуства, секако дека граѓаните се оправдано загрижени дека кучињата и овој пат ќе лаат а караванот ќе си врви“.
Ќе заглави некоја медицинска сестра, а големите риби ќе избегаат. Затоа не само што се оправдани протести туку се и нужни.
А, на оние кои со протести дојдоа на власт нека им служи на чест, ако чест воопшто имаат“, вели Митровски.







