Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.



Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.

Востановена е во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви.