Митрева: Спорот никогаш не бил само заради името

Провокација а не случајност беше „пропустот“ од пред два дена на сајтот на Советот на Европа каде текстот на Декларацијата од самитот во Софија беше „достапен“ на „јазикот на поранешната југословенска Република Македонија“ а не на македонски, паралелно со албански, босански, црногорски и српски…



„Не верувам дека работите од овој карактер се случајни, мислам дека имаше тука една провокација дали ќе истрпиме или не… “ рече вчера во гостувањето во емисијата „Само вистина“ поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.

Ексминистерката вели дека МНР требало да реагира и мора да реагира „зашто ние имаме јазик кој што во обединетите нации стои запишан во нашата ‘лична карта’ како  македонски јазик (macedonian language)…Тој е кодифициран и меѓународно признат, а ова беше провокација.

Околу спорот со Грција Митрева децидна: „Никогаш не бил спорот само заради името иако и самиот факт што се согласуваме да го смениме името значи дека навлегуваме во нашиот идентитет бидејќи името е идентитет“.

Митрева вели дека  во разговорите з разликата околу името ѝ кажавме збогум на двојната формула иако тоа беше одличен инструмет, а медијаторот Нимиц е маргинализиран. Таа смета дека промена на Уставот не смее да има и не смее да се прифати грчката позиција за ерга омнес.

„Не знам кои се црвените лини на преговарачите, но моите црвени линии се да се сочува достоинството на народот и на јазикот, без промена на Уставот, решение кое нема да предизвика фрустрации и незадоволство кај граганите“ кои, за каков и да е предлог, имаат право да се изјаснат на референдум.