Митовски за нова афера: Боки 13, Анѓушев, Циле и 750 илјади евра

Зошто Боки 13 земал 750.000 евра од Силјан Мицевски и каква врска има Кочо Анѓушев и Драган Миновски?



Во текст со овој наслов уредникот на Инфомакс Александар Митовски открива нова афера која ја тресе владата.

“Со кривична пријава против Кочо Анѓушев и екс-директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски ќе се бара правдата за, како што велат пријавителите, измамата која ја направиле овие двајца екс-функционери додека се уште биле активни на своите работни места. Измамата за која се пријавени двајцата, има далекусежни последици како за оштетената компанија, така и за сите нас – граѓаните бидејќи штетите од оваа измама денес, ги плаќаме ние со секоја сметка за струја која минатиот месец поскапе за 12.36%”, пишува во текстот.

Што друго содржи аферата:

“Смислена шема

Во времето на директорувањето на Драган Миновски, релативно непознат послушник, со Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), компанијата склучила договор за ископ на јаглен со економски оператор „Трансмет“ со кој била определена цена од 44.00ден/ГЈ по претходно спроведена тендерска постапка на која другите две компании кои учествувале со свои понуди успеале да понудат поскапи цени од 45.00 денари/ГЈ, односно 65.00ден/ГЈ.

Согласно Законот за јавни набавки, била одбрана најефтината понуда и со истата бил склучен договор за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници и РЕК Битола.

И дотука, се изгледа според правилата. Измамата, барем според кривичната пријава, се случува по потпишувањето на договорот”.

Повеќе детали на овој ЛИНК