Даниел Митов, поранешен министер за надворешни работи на Бугарија и кандидат за пратеник на претстојните избори од коалицијата ГЕРБ-СДС, ѝ испорача нови барања на Македонија.



„Не бараме ништо необично и не гледам никаков проблем Република Северна Македонија да испрати нота до ООН, во која ќе декларира дека нема територијални или малцински претензии кон Република Бугарија. Фактот што тие не го направија тоа до моментов, за жал, може единствено да нè води до заклучокот дека има некаков скриен дневен ред. Може и да не е така, но во крајна линија за ова треба да се разговара. За јазичната формула исто така не мислам дека има каков и да проблем, ние не сакаме некаков преседан. Таква формулација постои и во преговарачката рамка на Црна Гора, кога зборуваме за двостраните односи, кои сакаме да влезат во преговарачката рамка и таму не сакаме ништо што е невообичаено или е преседан. Такви текстови има во преговарачката рамка на србија во однос на Косово“, објасни Митов за бугарското Радио Фокус.