„Ништо ново не се случи во Скопје“, оценува заменик-претседателот на опозициската ГЕРБ, Даниел Митов и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија во Гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ).



Коментирајќи ја вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија, тој вели дека „единствено што разбравме од двајцата премиери е нота која е одамна договорена – употребата на краткото име и откажувањето на Република Северна Македонија од територијални претензии“…што, според него, „ова е договорено со владата „Борисов 3“.

Тој оценува дека „најверојатно, прашањата од историско значење ќе бидат ставени под тепих. Денеска не слушнавме ништо за важните прашања меѓу двете земји – правата на Бугарите во с. Македонија, не слушнавме ништо за тоа кога ќе се отворат досиејата, кога ќе бидат обештетени жртвите на тамошниот комунистички режим со бугарска самосвест, кога ќе се менуваат учебниците, кога ќе се отстрани говорот на омраза“.

Според Митов, авионска линија Софија-Скопје не решава ништо, никој не ја сака, слични обиди имаа и други бугарски влади, но во моментов нема економска оправданост за оваа линија“.