Митко Јанчев на ТВ се пожали на закани, МВР веднаш потврдило

Екс потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев кој беше исклучен од партијата вечерва за ТВ 24 изјави дека не може да дојде на емисија во живо затоа што членови на неговото семејство добиле закани за својата безбедност.



За новинари на 24 ТВ МВР веднаш ја потврдило информацијата дека градоначалникот на Кавадарци добил закани.

Според Јанчев кој се јави во живо на емисија во живо заканите ги добивал во континуитет еден месец а денеска по телефон заканите ги добила неговата сопруга поради што сакал да биде дома со семејството.

Од лидерот на партијата Христијан Мицкоски вечерва добил уверување дека ниту тој ниту ВМРО-ДПМНЕ не стојат зад заканите а Јанчев сака да верува дека е тоа вистина.

Јанчев сите телефонски и закани по СМС ги пријавил во МВР и очекува наскоро тие што се заканувале да бидат откриени.