Митко Јанчев се нуди за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци и еден од противниците на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, за Фактор потврди дека би се кандидирал за лидер на партијата.



Услов за тоа е доколку на вонредниот конгрес кој се најавува за 28 март, мнозинството од делегатите му изразат недоверба на Мицкоски.

„Овој конгрес што го закажа Иницијативниот одбор е само за изразување доверба или недовреба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Ако се изгласа недоверба за Мицкоски, тогаш треба да се свика нов конгрес, на кој ќе се пријават кандидати за нов лидер на партијата.

Секој има право да се пријави и со своја програма да излезе пред делегатите“, вели за Митко Јанчев за Фактор.