Митко Јанчев ја објаснува фотографијата со Вице Заев

Дел од медиумите во обид да објаснат што стои во позадината на фотографијата на која што градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев е во друштво бизнисменот Вице, брат на премиерот Зоран Заев.



Сликата пред неколку дена предизвика реакции на социјалните мрежи во кои Јанчев беше обвинет дека “шурува” со братот на премиерот.

Според Фокус фотографијата која што стана топ тема е направена минатата година, во јануари, во зимскиот ски центар Банско, каде што случајно дошло до средба помеѓу Јанчев и Заев. Во нивно друштво е и градоначалникот на Неготино од СДСМ Тони Делков, пишува неделникот пренесувајќи изјави од Јанчев кој пак ја објаснува целата ситуација од негов аспект.

Ниту Јанчев ниту Фокус не зборуваат за ноемвриската средба меѓу братот на Вице Заев, премиерот Зоран и Јанчев во хотелот Сириус во Струмица по која градоначалникот на Кавадарци најави помош за Владата против опструкциите на лидерот на опозицијата Мицкоски за промена на уставот.

Целиот текст на фокус.мк