Митко Јанчев го најде човекот што го бараше

“Кој може мене да ме исклучи од ВМРО ДПМНЕ, па тоа е мојот втор дом, баш сакам да го видам тој што мене ќе ме исклучи од мојата партија, тоа е како некој да ви дојде дома и да ве измава од вашата куќа”, оваа изјава ја даде пред десетина дена градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пред да влезе во “Белиот дворец” каде се гласа на ИК и ЦК за тоа дали партијата ќе оди на избори или ќе гласа за амандманите во собрание.



Од вчера Јанчев не е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ а по одлуката на партијата ќе остане и без членска книшка поради непочитување на статутот на својата веќе екс партија.