„Жалам што изминативе години, изминатиов период постојано некако како да предвидувавме што ќе се случи како ВМРО-ДПМНЕ и алармиравме дека со Заев патот кон Европската Унија е недостижен“, изјави вбо гостување во „Заспиј ако можеш“ на РВ Алфа, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ..
„Колку и да се обидува да бара оправдување, да секогаш прстот го вперува кон другата страна, никогаш кон себе, свесни сме и граѓаните на Република Македонија се свесни дека проблемот со Република Бугарија го создаде Зоран Заев и дека тој проблем не постоеше пред склучување на овој Договор за добрососедство и дека со владеењето на Зоран Заев не само договорт со Бугарија туку и апсолутно немањето на реформи во Република Македонија беше некако за жал очекувано дека нема да го добиеме датумот за преговори со ЕУ“.
Според неа „По еден ваков дебакал на власта најмалку што можат да направат е да поднесат оставка, а ако добро и се сеќавам уште пред 3 години Зоран Заев најави дека доколку не се добие датумот за преговори со Европската Унија тој ќе поднесе оставка“.







