Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ја повика владата на СДСМ и ДУИ да одговори дали го прифаќаат предлогот за одржување на превремени парламентарни избори, но и дали се согласуваат за хрватскиот предлог.
„Нека кажат дали прифаќаат предвремени избори и дали се согласни на хрватскиот предлог. И да повторам понудата за промена на уставот по хрватскиот модел значи дека Македонија де факто ќе биде национална држава и на хартија и во пракса, а не како досега граѓанска држава на хартија, а федерална во пракса“, вели Митева.







