Мисури ја тужи Кина за пандемијата!?

Американската сојузна држава Мисури поднесе тужба против кинеската влада и владејачката Комунистичка партија за, како што се наведува, намерна измама што довела до глобалната пандемија на коронавирус, јави Би-Би-Си.



„Кинеската влада го излажа светот за опасноста и заразната природа на Ковид-19, спречи рано известување и направи многу малку за да го спречи ширењето на болеста“, изјави генералниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит.

„Тие мора да одговараат за своите постапки“.

Судската постапка вклучува барање за надомест за загубата на животи, за човечките страдања и за економските проблеми во државата.

Кина категорично ги отфрла наводите дека лошо управувла со кризата.