Дронот кој ноќта пред Илинден бил забележан како лета над касарната на АРМ во Кичево го снимал магацинот за оружје и опрема.
Ова било откриено по разговорите на надлежни истражни органи кои разговарале со сведоци и припадници на армијата од кичевската касарна.
Непознатото летало се движело околу 15 минути над касарната ,,Чеде Филиповски Даме” а најмногу се задржало над магацинот со оружје и воена опрема, открил најмалку еден сведок на инцидентот.
Предходно неофицијални информации за движење на дрон имаше и во охридско каде беше обиен магацин за опрема и материјали на МВР.
Сторителите на кражбата на магацинот на МВР во Охрид се уште не се пронајдени иако министерот Спасовски уште во мај рече дека има индиции кој ја извршил кражбата.
Цели три недели откако expres.mk објави за летање на дронот на касарната во Кичево не се знае чие било леталото и каква била неговата мисија.
Повеќе детали за инцидентот за кој дваесет дена молчат македонските власти
Ниту МВР ниту АРМ не го демантираше инцидентот
Целта на мистериозниот дрон биле објекти во касарната на АРМ во Кичево





