Дипломатка на возраст од 38 години е најдена вчера почината во нејзиниот дом во Њујорк пишуваат американски медиуми кои не откриваат од која земја е дипломатката.
Телото на дипломатката е пронајдено во нејзиниот дом во Менхетен од страна на друг дипломат кој дошол во нејзиниот стан од каде што ја повикувал дипломатката но не добил одговор, објави Нујорк Пост според чиј репортер се работи за самоубиство.
Според весникот официјалните лица од амбасадата на земјата во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар.
Неофицијално извори во македонското МНР не исклучуваат дека се работи за член на македонската мисија во ОН.
Членови на дипломатската заедница во ОН не откриваат детали за инцидентот но потврдуваат дека се работи за балканска дипломатка.
Најнова вест за трагедијата






