И покрај сериозните реакции од граѓаните на социјалните мрежи за сомнителната маркетинг акција и попуст на Sport Vision и Fashion Group пазарната инспекција не излегува на терен да ја провери измамата за која зборуваат јавно многу граѓани.
Извори во пазарната инспекција тврдат дека уште во четвртокот наутро во инспекцијата било разговарано да се испратат инспектори кои требало да ги проверат наводите на потрошувачи за можна измама од Sport Vision и Fashion Group но подоцна никој не заминал на терен.
Вакви најави за инспекција кои подоцна не се остваруваат најчесто се должат на политички притисок од важни владечки структури кои лобираат да не се ,,чепкаат” одредени фирми поради сомнителни причини.
Пазарната инспекција има обврска да излезе на терен и по пријава на граѓани и други институции и организации но и по допрен глас кога во медиумите и на социјалните мрежи има индиции за кршење на законот.
Иако на самата реклама на Sport и Vision Fashion Group има повеќе од доволно индиции за нелегално работење Пазарната инспекција во мистериозни околности досега не го проверило работењето на двете фирми.
На што реагираат граѓаните
Катастрофа на Sport Vision и Fashion Group, граѓаните бесни за лагите на двете фирми






