Мистериозна порака на обвинителката Ленче Ристовска

“Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша обвинителката Ленче Ристовска на својот Фејсбук профил.



Кому е упатена оваа порака, дали на специјалната обвинителка Катица Јанева за чии постапки премиерот Заев рече дека се идиотски или пак за некои од нејзините колешки обвинителки, не може да се каже со сигурност.

Информациите за поделби и конфликти во СЈО датираат од почетокот на годината но се чини дека “Чарлиевите ангели” сега полека се претвараат во “Вештерките од Иствик”.