Мистериозна најава на Стоилковски, следуваат ли докази за скандалот со тројцата повредени полицајци

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски утрово најавува дека ќе објави докази за некој криминален случај во кој е инволвирана владата.



“Докази за аздисаниот режим!
Докази за лаги и беззаконие во полицијата!
Докази за диктатурата на Заев и неговите блиски!
Се гледаме наскоро!”, пишува Стоилковски во мистериозната најава во која не открива за што точно се работи.

Со оглед на тоа што тој постот го објавува пред МВР а деновиве се занимава со случајот на тројца повредени полицајци за кои МВР не го открива идентитетот на бегалците кои ги бркале, логично е да се очекува Стоилковски да објави докази за висок полициски функционер кој бил дел од инцидентот и скандалот со криење на двајцата бегалци од полицијата.

Стоилковски деновиве во повеќе наврати го праша МВР дали командантот на специјалната единица Тигри Митко Даневски е човекот што заедно со сопатничка бил во возилото по чија бркотница беа повредени тројца полицајци од кои еден потешко.

МВР досега не одговори на прашањата на Стоилковски и медиумите.

Дали командантот на Тигрите земал службено возило кое го бркале тројцата повредени полицајци? (ВИДЕО)