Мистериозен пожар се случил во управната зграда на поранешната касарна на АРМ во Охрид.
,,На 05.08.2022 година во 19.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во една од собите на управната зграда на поранешна касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид. Пожарот, во кој нема повредени лица, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Која е причината за пожарот Димовски не открива во информацијата.
Охридската касарна од Ноември 2019 година од одбраната беше предадена на владеење на општина Охрид која требаше да ја претвори во корисно јавно добро но тоа досега не се случи.
Кој предизвикал пожар во старите објекти на АРМ заега е нејасно затоа што нив никој не ги користи.






