Мистериозен компромис во Берлин: Од што се откажале Димитров и Османи во име на Заев

Откако претседателот Пендаровски објави дека во Берлин бил постигнат компромис од страна на Димитров, Османи и Захариева кој бил одбиен од Борисов и Радев денеска се бара одговор каков бил тој компромис и од што се откажала Македонија во преговорите со Бугарија.



“Се надевам денеска Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи ќе откријат што содржел компромисот постигнат во Берлин, а за кој што зборува Стево Пендаровски.

Ниту еден од нив не кажа дека имало преговори и “постигнат компромис” ниту што тој содржи.

Став за Компромис не беше ниту најавен ниту беше споделен и заеднички заземен пред да заминат во Берлин.

Јасно и гласно прашање е: Од што се откажале Димитров и Османи во Берлин во име на Заев пред Захариева, како понуда за “постигнатиот” компромис?

Лажеа и повторно лажат!
Цело време велат дека нема повеќе нови договори, во Берлин заминале со отстапки за “компромис” ?
Одговор МОРА да има и за прашањата:

Затоа ли бега(в)те од собраниска седница, затоа ли избегавте од собраниската комисија?

До кога со самоволни тајни преговори и “компромиси” како Македонија да е нива на Заеви?”, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој ги користи хаштазите:

#Оставка #Хунта #Лажови

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10158536045375499&id=542940498