Три албански политички партии реагираа бурно на заклучоцитге на Венецијанската комисија која немаше позитивни оценки за законот протуркан со европско знаменце, без опозиција, неприменлив и со големи казни за негово неспроведување.



По вчерашниот Извештај од Веднеција, реагираа Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива, кои имаат единствен став, односно дека Албанците не се малцинство и дека албанскиот јаизк треба повторно уставно да се регулира, пренесува Алсат М.

Алијансата за Албанците смета дека од Венецијанската комисија не требало да се бара мислење за целиот закон, туку само за одредбите кои ја регулираат употребата на албанскиот на банкнотите и во војската.

Од движењето Беса констатираат дека не треба да се создаде впечаток оти Законот за јазиците им дава на Албанците нешто повеќе од тоа што им следува. Лидерот на Беса смета дека е реално албанскиот да се регулира со Устав и оти ќе се ангажира да ги обедини сите албански партии за реализирање на ова цел.

За партијата Алтернатива решавањето на проблемот е во уставно решение кое ќе ги затвори внатрешните спорови.

„Албанскиот јазик не е официјализиран, туку е само унапреден. Исто така имаме кажано дека официјализирањето на албанскиот јаизк не се врши со закони кои се изготвуваат преку ноќ и во рамките на две партии, затоа што потоа произлегуваат вакви последици. Ние сметаме дека во нашата земја треба суштински да се редефинира моделот на јазичната политика произведувајќи двојазчина држава што би се регулирало и со Устав. Потоа, не би имало оспорувања од никого“, велат од Алтернатива.