За идејата на МНР, Бујар Османи, усвоениот Закон за фондации и здруженија да се испрати до Венецијанската комисија, се изјасни и министерот за правда Никола Тупанчески.



Османи сака Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Праксата да се испраќаат закони на оценка до Венецијанската комисија треба да продолжи и во иднина, но како што кажа, тоа треба да се практикува пред носењето на самите закони за да може навремено да се реагира доколку постојат забелешки од страна на Комисијата.

„Подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права”, додаде министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот потенцира дека за да не дојде до евентуални несакани последици кои би довеле до пресуди од Европскиот суд за човекови права, мислењето на Венецијанската комисија во однос на овој Закон е добредојдено.

Борисов бара да се одложи (пре)регистрацијата на Законот за здрушенија

„Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесување. Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме.

Можеби ќе оди во наш прилог“, вели министерот.

Законот, меѓу другото, забранува употреба на фашистичкли имиња на клубови…