Мицкоски до Заев: Економијата тоне, народот е осиромашен

Иако интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за МИА уште не е публикувано, веќе предизвика реакции откако делови од него се појавија во некои медиуми, и на социјалните мрежи.



Прозван во интервјуто, не се снаоѓал најдобро кога зборува за економијата, и дека за овие прашања премиерот може да им држи „лекции на Мицковски и на опозицијата до сабајле“, на својот Фејсбук профил реагираше првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дојде до таму работата Заев да дели лекции за економија, но не разбира дека рибата не само што мириса од главата, или опашката како што милува Заев да каже, туку мириса цела“ напиша Мицкоски и во 5 точки укажува на пропустите во економијата во земјата која, според него – тоне, а народот е осиромашен.

  1. За само два и пол месеци едно просечно семејство е задолжено од Владата за 1200 евра.
  2. Капиталите инвестиции речиси ги нема, единствените се оние кои ги направи минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
  3. Граѓаните во првото тромесечие потрошиле во вкупен обем 45 милиони евра помалку споредено со лани година која беше година на најголемата политичка криза. (…) народот нема пари, а нема затоа што владата е неспособна да создаде услови за развој.
  4. Барем да имавте автентнични проекти во овие 10 месеци, но такви нема.
  5. Господине Заев говорите за укинување на радиодифузната такса и евтината струја, а не говорите што истите пари и многу повеќе ги одземавте од граѓаните со покачување на акцизите за горива.