Револтиран од обвинувањата на Катерина Колозова дека како сопруг на професорката Тања Стојановска Иванов водел антикампања за образовниот концепт на министерката Царовска уредникот на ТВ24 Мишко Иванов најавува тужба.
Во емотивниот напис за Колозова Иванов посочува на нејзиното надмено однесување но и одбивање да учествува во дебати за посочените теми.
Целиот статус на Иванов во продолжение:
Фрустрацијата на Катерина Колозова (голем научник) веќе ја доживува кулминацијата. Колозова сега ќе треба да објасни пред надлежни каде тоа сопругот на Татјана Стојаноска Иванова (читај јас), сум терал антикампања против новиот концепт на образование. Во моите дебати говореа истакнати професори, практичари, дел од луѓето кои се од тимот кои ја создавале концепцијата. (за волја на вистината, дури и самата Колозова, како голем научник беше поканета, но таа одби). Тоа што Колозова се впушта во дискусии, лични навреди, дискредитации кон сите факултети, универзитетски професори, практичари, а притоа не го научила и сфатила начелото на “ активно слушање” е нејзин проблем, а богами и проблем на општеството.
За промена може понекогаш добро е Колозова и нејзината дружина да сфатат дека понекогаш треба да се слушнат и други мислења, кои би биле различни од нејзините.
Жал ми е што Колозова мисли дека навистина е најпеметниот научник во земјава. Се сеќавам дека истата своевремено преку проект беше вклучена и во “средување” на медиусмко-радиодифузната сфера, каде зборуваше небулози.
И конечно која си бре ти Колозова да ги дискредитираш сите, навистина кој фактор си ти бре госпоѓо. За крај не сакам да помислам дека зад писанијата на Колозова и нејзините следбеници стои и МОН.
П.С.
Колозова пред ти да станеш голем научник и да не просветлиш, се надевам имаш на ум, дека сите некаде сме се школувале, имаме меѓународно искуство, и по некоја диплома од западно европски развиени школи. Моја препорака е да намалиш малку со доживувањата. Ако ти не гледаш проблем што цела твоја фела мисли различно од тебе и уште 5-6 луѓе, тогаш навистина имаш проблем. Ако сакаш да ги образложиш твоите ставови еве повторно ти упатувам јавна покана. А, инаку еве еден добронамерен совет – фокусот насочи го кон креаторите на коцептот, дел од нив го правеа и Кембриџ. Или можеби знаеш!? Кате, изгледа тешко прифаќа порази. Па најлесно е цела нација да ја третираш како глупа, која ништо не разбира и дека е сите сме заостанати во времето. И да, да ти кажам: ПОТРЕБНА Е РЕФОРМА НА ОБРАЗОВАНИЕТО.
П. С.
Невладините кои се против хомофобија од разно разни побуди, очекувам да не заштитат и сите нас кои Колозова не маргинализира. Или за нас тоа не важи.
Конфликтот го започна Колозова која на Фејсбук остро го нападна брачниот пар Иванов – Стојановска:
“Архитектката на семејни студии од времето на Грујо (како замена за родови) е – ако сум добро информирана – некаков советник на Заев а јас овде урлам ко осамен глас во пустина, надевајќи се дека премиерот „ќе опстои“. Згора на се, мене овде разни ботови ми викаат дека сум била платена… а ја сум запнала да застапувам вредности што очиглено премиерот не ги дели – ако ова му е советничката. Бтв, сопругот и’ на 24 не се симна од тв со кампања против реформите. Нек си тераат. Жал ми е што е Мила осамена во ова – и онака беше ту гуд то би тру (предобро за да биде вистинито) дека она е министер на МОН”.





