По изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување во 2030 година, како и по изјавата на претседател на Франција Емануел Макрондека ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето, реагираше француската државна секретарка за Европа.
Лоренс Бун, имено рече дека изјавата на Макрон не значи затворени врати за земјите кандидатки.
Знам дека Шарл Мишел рече до 2030 година, вели Бун, но може да биде и порано. Но, она што ни треба е да се реформираме себеси, како и земјите кандидати.
Можеби не го правевме тоа многу добро во минатото, можеби треба да сме повеќе инволвирани, да помагаме повеќе, да бидеме подинамични во процесот на проширување за да избегнеме замореност и да ги направиме придобивките од идното членство во ЕУ поопипливи за земјите кандидати. Тоа се нашите задачи – истакна Бун.
На изјавата на Мишел за 2030-та како датум за роширување на ЕУ со нови членки, реагираше шефицата на Европската комисија Урсула Фон фер Лајен која го искара Мишел за споменување датум за прием на Македонија и другите земји од Западниот Балкан плус Украина и Молдавија.
Европската комисија не се согласува со ставот на Мишел за 2030 како можен датум за прием на нови членки, пренесе влијателниот Политико.







