Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да се приклучи на Европската унија во 2030 година „доколку двете страни си ја завршат домашната задача“.
„Украина и другите земји-кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските услови. Нам во ЕУ треба да ни биде јасно што сакаме да постигнеме заедно, кои се нашите приоритети и на што сакаме да трошиме пари. И ние мора да ги забрзаме нашите процеси на одлучување“, изјави Мишел во интервју за германски „Шпигел“.
Тој предупреди дека земјите од Западен Балкан 20 години чекаат да влезат во ЕУ, поради што таму расте влијанието на Русија и на Кина.
„Просперитетна и безбедна Украина е во интерес на Европа“, додаде тој. „Нивниот неодамнешен отпор кон Русија покажа дека Украина ѝ припаѓа на ЕУ“. И тоа наскоро, не еден ден. Со тоа ЕУ би докажала дека е способна за геополитичко дејствување“, рече Мишел.






