Поранешната американска „прва дама“, Мишел Обама го прогласи Доналд Трамп за некомпетентен претседател кој покажува „целосен недостаток на емпатија“.
„Секојпат кога вио Белата куќа ќе побараме лидерство, утеха или стабилност, она што го добиваме е хаос, поделба и целосен недостаток на емпатија“, рече сопругата на поранешниот претседател Барак Обама.
„Дозволете ми да бидам што е можно поискрена и јасна: „Доналд Трамп е погрешен претседател за нашата земја“, додаде таа.





