Миовски во тимот на колото во фудбалската Премиер лига на Шкотска

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски е избран во најдобриот тим на седмото коло од Премиер лигата на Шкотска како единствен од Абердин.



За ова признание 24-годишниот напаѓач се избори со двата гола и едната асистенција во триумфот над Рос Каунти од 4:0, прв за неговата екипа во шкотското првенство сезонава.

Со вкупно четири погодоци, Миовски го дели првото место на листата на стрелците.