Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжува со својата голгетерска серија во шкотската Премиерлига, погодувајќи и против Мадервел во победата на Абердин од 2:1 на гостински терен во 12. коло.
Миовски го отвори резултатот само по 4 минути игра, а пет минути пред крајот беше заменет.
Со 8 гола, 23-годишниот напаѓач е втор на листата на стрелците, веднаш зад Хрватот Антонио Чолак од Ренџерс со 10.






